РУСИЈА ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО СЕВЕРНИОТ МОРСКИ ПАТ: Дел од средствата ќе одат за создавање безбедносен систем, но тоа не е се

Утврдени се правилата за доделување субвенции.

Руската влада ќе продолжи со сеопфатниот развој на Северниот морски пат , изјави рускиот премиер Михаил Мишустин на средбата со потпретседателите на владите.

 Утврдени се правилата за доделување субвенции за создавање на дигиталниот екосистем на Северниот морски пат. За ова се предвидени речиси 4 милијарди рубљи во федералниот буџет за тековната и следната година –  рече Мишустин.

Системот ќе се состои од единствена платформа која ќе ги обедини сите електронски услуги за учесниците на логистичкиот пазар.

– Ќе вклучува и автоматизирани мерни системи инсталирани на бродови, како и опрема за оперативно следење на условите на мраз врз основа на летечки уреди. Ќе може да се соберат поцелосни информации за временските услови и да се следи состојбата во реално време, со што ќе се подобри безбедноста на пловидбата на Северниот морски пат, што е многу важно за навремена испорака на стоката –  додаде тој.

Повеќе од 3,5 милијарди рубљи ќе бидат насочени кон продлабочување на пристаништето „Бухта Север“ (за извоз на нафта од проектот „Восток Оил“ на компанијата Роснефт). Дел од средствата ќе бидат искористени за создавање на безбедносен систем за навигација , истакна Мишустин.

Пронајдете не на следниве мрежи: