Чави Ернандез веќе ја составил „црната листа“ на фудбалери во Барселона, која протече во каталонските медиуми, кои во овој зимски преоден рок и по завршувањето на сезоната ќе мора да си заминат од „Камп Ноу“.
На листата се фудбалери кои не го задоволуваат актуелниот кормилар на Каталонците, прв е Рафиња, 60 милионското засилување од Лидс, кој многу поизвесно е дека ќе си оди на лето, иако не е неочекувано тоа да го стори и до крајот на месецов ама само под услов ако некој даде 100 милиони евра
Втор е Франк Кеси, кој бесплатно дојде до Милан, но не успева да се избори за поголема минутажа и него веќе Каталонците го нудат во размена во Интер за Хрватот Марцело Брозовиќ.