понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Маја Оџаклиевска откри каде го најде мирот: Има само една желба за својот аутистичен внук

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Маја Оџаклиевска пензионерските деновите ги поминува изолирана од градската гужва, во природа со нејзиниот внук Лука, кој е нејзината најголема радост.

Внукот на Маја е аутистично момче кое влегло во пубертет и се уште не проговорило, а на прашањето за неостварените желби пејачката не размислувала за кариерата, туку само за внукот.
– Живеам совршено мирно, станувам наутро во шест ипол, го гледам изгрејсонцето, одам на полињата, ги хранам моите животни. Седнувам и пијам кафе, никој не ме малтретира и прекрасно е. Нема сообраќај, нема гужва, нема телефон што ѕвони одвреме-навреме, имам свое време и сакам да уживам. Изолирана сум на село и тоа ми се допаѓа. Имам зајаче, мачка, птици…. – рече Маја на почетокот на разговорот, а на прашањето дали внукот Лука е причината за преселбата, вели:
„Да, очајно му требаше мир. Добар е, расте, во пубертет е, хормоните му работат, што е нормално за 13-годишно момче. Прекрасен е, единствената болка е што уште не зборува, искрено се надевам дека ќе зборува, некои како него зборувале, некои никогаш и тоа е мојата најголема желба“.

Поврзани вести