Рецепт за пијалак за долговечност!

Денес ви споделуваме рецепт за напиток за долговечност за кој ви се потребни само неколку состојки!

Потребни состојки:
4 моркови
3 јаболка
сок од 1/2 лимон
парче излупен ѓумбир
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во соковник и измешајте ги. Испијте го веднаш добиениот сок.

На кој начин овој напиток функционира?
Морковот го подобрува видот, ефикасен е против рак, ја одржува кожата млада и здрава, добар е за срцето, го чисти телото, добро е за здравјето на забите и непцата и е ефикасен против инфаркт.
Јаболкото го зајакнува имунитетот, го поддржува слабеењето, ги стимулира бубрезите, црниот дроб и жолчката, штити од болести на усната шуплина, го стимулира варењето, го штити срцето и крвните садови, помага при стрес, замор и несоница, штити од бактерии и вируси и спречува неколку видови на рак.

Лимонот го чисти црниот дроб и ја стимулира неговата работа, спречува грип, настинки и многу видови инфекции, помага при стомачни проблеми, го помага варењето, го стимулира производството на ензими во црниот дроб, ја нормализира работата на цревата и го олеснува нивното празнење, спречува гингивитис и стоматитис. Помага и во намалување на крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот холестерол, спречува грчеви и болки во мускулите, го регулира метаболизмот, штити од стрес и депресија, го намалува ризикот од мозочен удар, го спречува формирањето на камења во бубрезите и жолчката, штити од остеопороза.
Ѓумбирот ја ублажува непријатноста во стомакот и надуеноста, го стимулира лачењето на слуз, ја ублажува кашлицата и ја ублажува болката во грлото, ја ублажува мачнината, има антибактериски, антигабични и антитоксични својства, па затоа се користи како превенција од грип и настинка. Ѓумбирот се користи и при алергии, има антиинфламаторни својства, поради што се користи во лекување на ревматоиден артритис и остеоартритис. Ефикасен е и за намалување на нивото на холестерол и го спречува згрутчувањето на крвта, а се користи и за лекување стомачни заболувања како што се диспепсија, колика и дијареја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.