Реал подготвува нов договор за Начо

 Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Начо Фернандез, соопштува „АС“.

Актуелниот договор на 33-годишниот Шпанец со „Кралевите“ е со важност до крајот на тековната сезона. Новиот договор ќе биде на една година.

Забележано е дека од јануари тој ќе може да преговара со други клубови за летен трансфер како слободен играч.

Во тековната сезона во Ла Лига, Начо одигра седум натпревари за Реал Мадрид без постигнат гол. 


Пронајдете не на следниве мрежи: