Кристијано Роналдо не успева да најде готвач да работи во неговата вила во Португалија, иако нуди плата поголема од пет5 илјади долари.
Изградбата на вилата треба да заврши во јуни, а фудбалерот планира да се всели во неа со семејството по истекот на договорот што го потпиша со Ал Наср.
Португалскиот магазин Correio da Manha наведува дека проблемот е во барањата кои ги имаат Кристијано и неговата партнерка Георгина. Тие сакаат готвачот да биде мајстор во подготовката на традиционална португалска храна, но и интернационални јадења, вклучително и суши.
Фудбалерот наводно дизајнирал „специјална“ кујна за подготовка на јапонски специјалитети во споменатата вила. Тој е исклучително пребирлив кога е храната во прашање, па многумина не се осмелуваат да одговорат на огласот.
Потсетуваме дека Кристијано и неговото семејство моментално живеат во луксузен стан во Ријад, каде една ноќ чини неверојатни 3.700 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.