Њукасл неодамна го купи 21-годишниот Ентони Гордон од Евертон, но големиот англиски талент би можел да заврши во затвор, пишува „Дејли Мејл“.
Гордон во понеделникот остане без возачка дозвола на шест месеци откако двапати во случај на прекршок одбил на полицијата да ги предаде деталите за тоа кој управувал со возилото.
Сега се појавила информација дека Гордон е виден во центарот на градот со својот автомобил и покрај тоа што нема возачка дозвола.
„Дејли Мејл“ пишува дека законот во Англија е многу строг за тоа и дека Гордон може да добие до шест месеци затвор доколку се докаже дека навистина го возел автомобилот без возачка дозвола. Полицијата истражува, но засега не открива детали за случајот.