ПСЖ и Јунајтед ја почнаа тепачката за Виктор Осимен, цената – 100 милиони евра!

Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед уште сега, четири дена по завршување на зимскиот преоден рок, веќе ја почнале „тепачката“ кој да го добие нигерискиот центарфор на Наполи и соиграч на Елиф Елмас, Виктор Осимен.

ЕСПН објави дека двата гиганти сериозно тргнале во битката за потписот преку контакти со менаџерите и на лето ќе се обидат да го донесат, но за тоа ќе им треба најмалку 100 милиони евра, зашто Аурелио де Лаурентис нема шанса да попушти и да го продаде својот голгетер за помалку пари.

Според информациите на американскиот медиум, шансите Осимен да си замине од Неапол ќе станат уште поголеми ако наполитанците го освојат „скудетото“, па ПСЖ и „црвените ѓаволи“ веќе ги прават финансиските конструкции за да го ангажираат Нигериецот.

Пронајдете не на следниве мрежи: