Нов црн биланс: Над 5.000 жртви во Турција и Сирија по земјотресот

Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија денеска се искачи над 5.000, покажаа официјалните податоци.

Спасувачките тимови се уште трагаат по преживеани под урнатините.
Најмалку 3.419 луѓе загинаа во Турција и 1.602 во делови на Сирија под контрола на владата и бунтовниците, со што вкупниот број достигна најмалку 5.021, соопштија официјални лица и медицински извори.
Најмалку 5.606 згради се урнаа во земјотресот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците.
Многу земји ја упатуваат својата помош кон Турција и Сирија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.