Тајван тестира крстосувачка ракета способна да погоди територија длабоко во Кина, а оружјето е наменето како средство за одвраќање од можни напади на кинеската војска.
Тајванскиот национален институт за наука и технологија Чунг-Шан денеска тестираше нова крстаречка ракета со долг дострел, способна да допре длабоко во кинеското копно, објавија тајванските медиуми.
Според извештаите, новата ракета земја-земја има максимален дострел од 1.200 километри, што и овозможува да ја погоди континентална Кина, вклучувајќи ги градовите како Вухан и Чангша.
Тоа е најновата во серијата ракети со крстосувачки и површински напад развиени или купени од тајванската влада во последниве години.
Тука спаѓаат крстосувачките ракети Томахавк и ЈАССМ-ЕР купени од САД, како и програмата за суперсонични крстосувачки ракети со долг дострел Cloud Peak, за кои Тајпеј тврди дека може да го погоди кинескиот главен град Пекинг.