СКАНДАЛ ВО ЕУ ПАРЛАМЕНТОТ: ОРБАН НЕ МУ АПЛАУДИРАШЕ НА ЗЕЛЕНСКИ (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да му аплаудира на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред заедничката фотосесија на лидерите на ЕУ во Брисел.

На видеото се гледа како Володимир Зеленски, придружуван од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се приближува до шефовите на земјите-членки на ЕУ.

Сцената што следеше збуни многумина. Сите освен Орбан му аплаудираа на украинскиот претседател, додека унгарскиот премиер одби да го стори тоа.

За време на својот говор на специјалната пленарна седница на Европскиот парламент, Зеленски им се заблагодари на европските лидери за помошта и додаде дека неговата земја е се поблиску до влез во Европската унија.

Претходно беше најавено дека украинскиот претседател ќе учествува на самитот на ЕУ во Брисел, кој ќе се одржи од 9 до 10 февруари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.