ТИК ТОК ОДГОВОРЕН ЗА УШТЕ ЕДНО САМОУБИСТВО: Адријана (14) се самоуби откако во училиштето почнало да кружи видео од нејзино ТЕПАЊЕ

Безживотното тело на Адријана е пронајдено на 3 февруари, два дена откако видео почна да кружи на интернет.

На видеото се гледа како Адријана и нејзиното момче шетаат по ходникот на државното средно училиште, а потоа еден од учениците им приоѓа и ја удира Адријана со шише со вода по главата. Несреќната девојка потоа паѓа на подот и тогаш девојките почнуваат да ја удираат и клоцаат. Студентот кој го сними бруталниот напад цело време навиваше.

КРАЈНО ВРЕМЕ Е И ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО ДА СЕ ОТВОРИ ДЕБАТА ЗА ШТЕТНОСТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО ШКОЛИТЕ…
ТИК ТОК ОДГОВОРЕН ЗА УШТЕ ЕДНО САМОУБИСТВО: Адријана (14) се самоуби откако во училиштето почнало да кружи видео од нејзино ТЕПАЊЕ

Нападот траел околу 30 секунди, а потоа дотрчале двајца училишни работници и ги растерале децата.

Во нападот Адријана се здобила со бројни повреди на нозете и лицето. Нејзиниот татко Мајкл Куш останал во шок кога слушнал што се случило со неговата ќерка на училиште. Тој за локалните медиуми изјави дека потоа ја однел Адријана во полициска станица за да го пријави инцидентот. Полицијата се уште не се изјаснила за ова прашање.

Адријана потоа му покажала на својот татко видеа и пораки од деца кои и се заканувале на TikTok, Instagram и Snapchat пред нападот. Се испостави дека Адријана со месеци била жртва на насилство на училиште, кое го вршеле деца од нејзиното одделение.

Иако за нападот ЗНАЕЛЕ ВО ШКОЛОТО, Мајкл тврди дека „никој ништо не направил по инцидентот“. Два дена подоцна, членовите на семејството ја пронашле Адријана мртва во семејната куќа.

Мајкл вели дека ќе го тужи училиштето.

  • Навреден сум. Ги обвинувам тие девојки, училиштето, полицијата. Сакам сите да знаат што се случи со мојата ќерка. Сакам правда, сакам сите да знаат за овој случај – рече таткото.

Мајкл вели дека е убеден дека доколку полицијата постапела веднаш по пријавата, Адријана ќе била жива.

-Ако училиштето повикало полиција, го пријавило насилството, доколку се спроведела истрага, овие снимки веднаш ќе биле откриени – убеден е таткото на Адријана.

На 5 февруари средното училиште во кое одела Адријана објави соопштение за трагичната смрт на ученичката. Од училиштето изјавија и дека на децата им се достапни стручни лица за советување и кризи.

  • Ве молиме знајте дека никогаш не сте сами на светот и дека секогаш има поддршка во лоши времиња за да помогнете да се променат работите на подобро – се наведува во соопштението на училиштето.

И оваа институција не сакаше да дава изјави за медиумите.

Таткото на Адријана тврди дека неговата ќерка не е првата ученичка од ова училиште што претрпела насилство, ниту во просториите на училиштето, ниту на интернет. Тој вели дека има и други родители чии деца трпеле насилство во тоа училиште, а управата не направила ништо за да ги заштити.

Четворица ученици беа обвинети за нападот на 9 февруари и тие се исфрлени од училиштето.

Адријана ќе биде погребана денеска во родниот град.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.