Што се случува со телото ако се туширате со ладна вода еден месец?

Ако сте минале некое време на социјалните мрежи во последно време, веројатно сте забележале нов тренд – туширање со ладна вода.

Многу познати личности како Миранда Кер, Крис Хемсворт и Кристен Бел се колнат во придобивките од студениот туш, а стана популарен и во медицинските кругови, пишува Best Life.
Д-р Алекс Треват вели дека е голем обожавател на ладно туширање и почнал да им ги препорачува на пациентите за да го подобрат нивното здравје. Како што објаснува, има неколку значајни промени кои ќе ги забележиме доколку секое утро во период од еден месец се тушираме со ладна вода. Овие промени вклучуваат:

подобрување на циркулацијата
намалување на воспалението во телото
посилен имунитет
подобрување на расположението
подобра концентрација
повеќе енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.