Левица демантира дека ѝ правела кворум на власта: Министерот за опозиција Мицкоски потврдува дека не може да ја кутне власта

Откако повторно извиси да обезбеди ново парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ за да го амортизира незадоволството во членството, одлучи со лаги и манипулации да ја нападне единствената опозициона партија, Левица. Во нивното денешно соопштение, клеветејќи ги пратениците на Левица, лажно обвинија дека Левица направила кворум на Владата, реагираат од Левица.

Имено, пратениците на Левица воопшто не гласаа за дневниот ред на 103 седница, а беа присутни во салата затоа што имаа нивен предлог-закон за измена и дополнување на Кривичниот законик, по што истите ја напуштија салата. За јавноста да ја знае вистината, потенцираме дека во салата претходно веќе имаше обезбедено КВОРУМ од 62 пратеници на владејачкото мнозинство.

Ваквите очајни обиди на министерот за опозиција Мицкоски само потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја кутне оваа криминална влада и малициозно шири раздор во опозициските редови. Наместо Мицкоски да се занимава со Левица, му препорачуваме да ја започне долгонајавуваната блокада на институциите, како што самиот ветуваше доколку нема избори.

Пратениците на Левица принципиелно ќе се придружат на секоја блокада и обид за рушење на хибридниот режим на СДС и ДУИ, доколку навистина Мицкоски има искрени и чесни намери да стави крај на владеењето на оваа власт.

Пронајдете не на следниве мрежи: