Шокантни слики доаѓаат од Турција каде спасувачите водат битка со времето за да најдат преживеани осум дена по разорниот земјотрес.
Во Антакија е спасена жена по 176 часа престој под урнатините, а фотографиите на кои нејзиниот син се радува го обиколија светот.
Според турските медиуми, Серап Донмез бил извлечен од урнатините во 176. час по разорниот земјотрес, пренесува РТС.
Откако ги видела спасувачите како ја извлекуваат, нејзиниот син не можел да ги задржи солзите додека гласно ја повикувал мајка си.
Жената, чие име е Сереп Донмез, итно била пренесена во болница.
Солзи радосници можеа да се забележат и на лицата на членовите на спасувачката екипа, јавуваат турските медиуми.
Има се помалку шанси да се најдат преживеани под урнатините осум дена по разорниот земјотрес, така што спасувачките операции како оваа се многу шокантни.
Сепак, спасувачите не се откажуваат и потрагата продолжува.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.