Остатоци од непознат проектил се пронајдени на северот на Молдавија во зоната на секторот што го покрива граничната полиција на Ларга, област Брицени на границата со Украина.
Според Министерството за внатрешни работи на Молдавија, станува збор за остатоци од проектили од руски воздушни напади. Засега не е соопштено кому му припаѓа проектилот и дали се работи за крстаречка ракета „Калибр“ или за противвоздушна одбрана од ракетниот систем С-300 со кој располага украинската армија.
Министерството за внатрешни работи на Молдавија донесе одлука за заштита на зоната каде падна крстосувачката ракета, а на терен беа испратени контрадиверзантски екипи, како и дежурниот истражен обвинител од областа Бритени.
Ова е четврти случај на руска крстосувачка ракета да падне на територијата на Молдавија. Како и во претходните случаи, така и овојпат беа преземени сите мерки за заштита на живеалиштата и нивниот имот.
Засега не е познато дали ракетата паднала при нападот утринава или на 10 февруари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.