Русија: Америка сега е директно вклучена во војната во Украина

Денеска Русија ги обвини Соединетите Американски Држави дека ја охрабруваат Украина да ја ескалира војната со одобрување на нападот на Крим и предупреди дека Вашингтон сега е директно вклучен во конфликтот бидејќи „некои лудаци“ сонуваат за пораз на Русија.

Москва реагираше на изјавата на американската потсекретарка Викторија Нуланд дека САД сметаат дека Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, треба барем да се демилитаризира и дека Вашингтон ги поддржува украинските напади врз воени цели на полуостровот.

„Сега американските воен хушлачи отидоа уште подалеку: го охрабруваат режимот во Киев дополнително да ја ескалира војната“, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, откако новинарите побараа од неа да ги коментира изјавите на Нуланд.
Захарова додаде дека „тие испорачуваат оружје во големи количини, обезбедуваат разузнавачки информации и директно учествуваат во планирањето на борбените операции“, рече Захарова, додавајќи дека некои американски функционери сонуваат да ја победат Русија како „лудаци“.

Западните и руските дипломати веруваат дека Крим, со морското пристаниште Севастопол, каде што се наоѓа руската црноморска флота, е најголемата потенцијална точка на удар на украинската војна.
„Без разлика каква одлука ќе донесат Украинците за Крим, кога станува збор за одлучување каде ќе се водат борбите, Украина нема да биде безбедна додека Крим не биде барем демилитаризиран“, рече Нуланд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.