Ги загуби своите родители, како и браќата и сестрите.
Бебе родено во Сирија за време на разорниот земјотрес е посвоено од неговата тетка и вујко откако неговите родители и браќа и сестри загинаа во катастрофата.

- Дел од Кисела Вода денеска без струја
- Дел од Центар денеска без вода
- Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат терминалот Јанбу, избувнал пожар во пристаништето
- Нови мерки против газдата на „Пулс“: со поткуп си обезбедил лиценца за работата на дискотеката
- Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок – американскиот принос достигна 5,34%

Детето било извлечено од урнатините набргу по раѓањето. Новороденчето подоцна беше идентификувано како дете на Абдалах и Афраа Млеихан, кои загинаа во земјотресот заедно со нивните други деца во градот Џандарис, контролиран од бунтовниците.
Бебето е хоспитализирано. Во саботата, неговата тетка Хала и нејзиниот вујко Калил Ал-Савади ја посвоиле својата внука и ја нарекле Афраа.
„Оваа бебе ни значи многу затоа што нема друго семејство. Таа ќе ни биде спомен на оваа катастрофа“, рече Савади.
Така, семејството сега има второ бебе – едното е нивното, а другото е малата Афраа.
Пронајдете не на следниве мрежи:


