Тајното патување на Бајден во Украина е направено со воз од границата со Полска, пишува Њујорк Тајмс и пренесува Би-би-си.
- Дел од Кисела Вода денеска без струја
- Дел од Центар денеска без вода
- Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат терминалот Јанбу, избувнал пожар во пристаништето
- Нови мерки против газдата на „Пулс“: со поткуп си обезбедил лиценца за работата на дискотеката
- Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок – американскиот принос достигна 5,34%

Посетата на Киев од безбедносни причини остана тајна. Извештаите исто така велат дека Бајден ненајавено го напуштил Вашингтон откако тој и неговата сопруга Џил вечерале во ресторан во саботата вечерта.
Официјални лица негираа дека Бајден ќе ја посети Украина за време на неговото планирано патување во Источна Европа.
Њујорк Тајмс пишува:
„Навистина, Белата куќа во неделата навечер објави јавен распоред за понеделник на кој се прикажува претседателот сè уште е во Вашингтон и заминува за Варшава во вечерните часови, кога всушност веќе беше половина свет подалеку.
Пронајдете не на следниве мрежи:



