ПУКНА ТИКВАТА | Митко Јанчев се дистанцира од Лазаров, бара да се тргне логото на Кожувчанка од неговата емисија

Кожувчанка на Митко Јанчев чие лого е истакнато кај јутјуберот Стефан Лазаров, бара тој да го тргне истото и информира дека не поддржува емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Митко Јанчев се дистанцира од Лазаров, бара да се тргне логото на Кожувчанка од неговата емисија

Првиот човек на Кожувчанка, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека не е помеѓу спонзорите на јутјуберот, а логото со Синалко најверојатно стои помеѓу спонзорите, бидејќи во минатото имале соработка со него на проект, кој траел околу 15 дена.

Кожувчанка, односно Синалко е компанија која е општествено одговорна и каде се води грижа за општеството од секој аспект. Не го спонзорираме шоуто на јутјуберот Лазаров, а по емисијата во која се зборува за насилство над девојки и жени, веднаш бараме тој да го тргне нашето лого.

Остануваме доследни на нашите начела и ја даваме поддршката на проекти за кои веруваме дека се општествено корисни – порача Јанчев.

Тој е првиот чија компанија јавно се огради од Лазаров. Помеѓу спонзорите истакнати кај него, има голем број на познати компании, но ниту една од нив досега се нема огласено по повод настанот кој ја бранува јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.