Грета Дирмиши, 24-годишна стјуардеса, почина од синдром на ненадејна смрт на возрасни, покажа истрага.
- Колку долго треба да вежбате за да ослабете?
- „Видовме смрт и страдање!“ – Морничави исповеди на ослободени заложници: Џихадистите ги изгладнуваа и ги принудуваа да ги закопуваат мртвите, жените раѓаа деца во шумата – „Го молевме Бога да…“
- 13 нови случаи на западнонилска треска во Република Македонија
- ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол старо дете крваво искасано од улично куче – семејството бара итна реакција од институциите
- Скандалозен оглас на Министерството за култура: 17 државни советници не им се доволни

Стјуардесата Грета Дирмиши работела за „Ер Албанија“, а потоа ненадејно починала во декември минатата година, веднаш по слегувањето од летот од Тирана за Есекс, пишува „Дејли мејл“.
Истрагата само што заврши, а покажа дека 24-годишната починала од синдром на ненадејна смрт на возрасни. На лице место брзата помош се обидела да ја реанимира, но залудно.
Експертите го опишуваат синдромот на ненадејна смрт НА ВОЗРАСЕН (САДС) како ненадејна смрт предизвикана од срцев удар, но причината за срцев удар не може да се најде. Во повеќето случаи, тоа се случува за време на спиењето.
„Кратко време по слетувањето, Албанката паднала и добила прва помош, но по 10 минути немала пулс“, изјавила Мишел Браун, судски вештак за Есекс, додавајќи: „Се се случило во близина на влезната врата на авионот“.
„Изгубивме одличен работник и пријател“
„Ер Албанија“ ја објави целата ситуација и соопшти: „На 21 декември, откако ги симнавме патниците во Лондон, една од нашите стјуардеси, Грета Дирмиши, имаше срцев удар и покрај непосредната реакција на брзата помош, сепак ја загубивме.
Во Велика Британија овој синдром одзема повеќе од 500 животи годишно, а особено загрозени се лицата со срцеви мани кои не го добиваат пропишаниот медицински третман.
Пронајдете не на следниве мрежи:


