Панајотис Стафилос е млад човек кој ја преживеал железничката несреќа во Грција во која загинаа најмалку 50 лица. Овој млад човек имал билет за второто купе, но направил мала грешка – ги измешал бројките.
- WhatsApp воведува распоред на пораки: Ќе можете да изберете точно кога ќе бидат испратени
- Колку е здраво конзервирано овошје? Одговорот може да ве изненади
- Трамп го присвои Гренланд! Со ново соопштение, крена прашина и најави голем план: Нафтата, гасот и минералите се во фокусот на новиот потфат
- Новинарите на Nova.rs на протест: Ја купивте компанијата, но не и нашата совест
- Трамп и Европа имаат план да ја прекинат војната во Украина?! Деталите се појавија, четири точки се клучни: На Путин му се нуди незамисливото, а Зеленски го добива ова

Првиот и вториот вагон на возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз, изјави регионалниот гувернер. Овој млад човек, да седеше каде што треба, веројатно ќе беше мртов.
Петтиот вагон во кој случајно се наоѓало младото момче успеал да остане на патеките. Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека „можеби по чиста среќа или Господ“ не е меѓу повредените или загинатите во несреќата. Стафилос вели дека луѓето во неговиот воз биле загрижени по инцидентот и тој се обидел да им помогне и да ги смири.
„Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за да го направиме тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата“, рече тој.
На крајот пристигнала брза помош да им помогне. Стафилос вели дека возот доцнел околу 15 минути на станицата во Лариса пред судирот, но тој не размислувал многу за тоа во тоа време бидејќи доцнењето е вообичаено во Грција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



