ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА | ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ЈА ИЗНЕВЕРУВА КЕЈТ МИДЛТОН ИМА ТАЈНА ВРСКА со семејна пријателка?

Во центарот на тие гласините кои повторно се појавија во некои медиуми е семејната пријателка Сара Роуз Ханбери, маркиза од Чолмондели, која ќе го прослави својот 39-ти роденден на 15 март.

Принцот Вилијам и принцезата од Велс Кејт Мидлтон никогаш не изгледале посреќно: при секое заедничко појавување во јавноста во последните месеци меѓу нив владее хемија, па дури и манифестираат физички знаци на привлечност, но сето тоа не ги замолчува гласините за неговата наводна љубовница, кои, иако никогаш не се потврдени или докажани, периодично се појавуваат од 2019 година.

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА | ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ЈА ИЗНЕВЕРУВА КЕЈТ МИДЛТОН ИМА ТАЈНА ВРСКА со семејна пријателка?

Во центарот на тие гласини е семејната пријателка Сара Роуз Ханбери, маркиза од Чолмондели, која ќе го прослави својот 39-ти роденден на 15 март. Врските на нејзиното семејство со британскиот двор се долги, па така нејзината баба леди Елизабет Ламбарт била една од деверушите на свадбата на покојната кралица Елизабета Втора. Во 1947 година, пред да се омажи за маркизот Дејвид Чоломондели, со кого има три деца – 13-годишните близнаци Александар и Оливер и седумгодишната ќерка Ајрис, таа се занимавала со манекенство во лондонската агенција „Сторм моделс“, во која светскиот топмодел Кејт Мос ја започна својата кариера.

Нејзиниот сопруг е попознат во филмските кругови по името Дејвид Роксавиџ, бидејќи се потпишува на филмовите што ги режирал и во кои глумел, а е 24 години постар од сопругата со која се ожени два дена откако се свршија. Ден потоа нејзината мајка открила дека Роуз е бремена со близнаци. Иако не беше потврдено дека тие се развеле, на почетокот на 2019 година се шпекулираше дека нивниот брак е завршен – а многумина го гледаа Вилијам како виновник.

Како и да е, нивниот дом е во Норфолк, во близина на Анмер Хол, селскиот имот којшто беше база на Вилијам и Кејт пред да се преселат во Лондон, а и поради потеклото се движат во слични општествени кругови. Написите за наводната љубов што се родила меѓу Вилијам и Роза почнале да се шират кога британскиот таблоид „Сан“ ја насловил како ривалката од провинција на Кејт и оттогаш не престанале детално да ги анализираат сите сличности и разлики меѓу нив.

Приказната повторно ја активираа написите во британските медиуми кои тврдат дека идниот крал Денот на вљубените наместо со сопругата го поминал со Роуз. Љубовниците наводно го поминале Денот на вљубените на романтична вечера во луксузен италијански ресторан во Лондон, а Вилијам наводно и купил подарок – ѓердан од бисери. Иако за аферата се пишува одвреме-навреме веќе четири години, досега немало докази дека Вилијам и е неверен на својата сопруга, пишува „Марка“.

Инаку, Роуз присуствуваше и на погребот на кралицата Елизабета Втора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.