понеделник, 23 ноември 2026
Најново

ПЕСНАТА Е ОДВРАТНА – Аца Лукас без влакна на јазикот за овогодинешниот претставник на Србија на Евровизија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српскиот пејач Аца Лукас во пресрет на 8. март настапи во Белград, а по тој повод го коментираше овогодинешниот избор за „Песна на Евровизија“ кај нашиот северен сосед за тамошните медиуми и откри дали му се допаѓа песната на претставникот Лука Блек.

ПЕСНАТА Е ОДВРАТНА – Аца Лукас без влакна на јазикот за овогодинешниот претставник на Србија на Евровизија

„Песна ? Одвратно. Сè е одвратно. Секоја чест за тоа момче, но дали тој е момче ?! Да речеме. Мислам… Со среќа, па ги праќаме на Евровизија затоа што е тоа е фестивал за такви работи. Тоа дефинитивно не е музика. Тоа се сатанистички, одвратни претстави, не знам што друго. Мислам, можеби тој и добро пее, не го слушнав затоа што спиев, нели ?“, изјавил Аца.

Да потсетиме, многу познати ѕвезди од Србија зборуваа за овогодинешната песна за Евровизија, а мислењата беа поделени. Додека на некои луѓе им се допаѓа песната, некои не предвидуваат добар пласман во Ливерпул оваа година.

Поврзани вести