Подарил мерцедес во исправна состојба. Но, под ЕДЕН УСЛОВ!

„Ако неодамна сте стигнале во САД, немате пари, а потребен ви е автомобил, подарувам Мерцедес C280, 1995 година во возна состојба. Услов – да ми ветите дека и вие ќе му помогнете на некој кога ќе бидете во можност“.Овој оглас се појавил на страницата chicagodesavanja.us пред два дена и на него се информираат иселениците од Србија во тој град. Огласот го објавил Игор Обрадовиќ (37), кој вели дека не очекувал толкав интерес.
„Знаејќи колку е тешко да се снајде некој тука кога ќе дојде, посакав да подарам мерцедес со кој до скоро се возев на работа и се надевав дека можеби ќе започнам некој синџир за помагање. Но, не ни претпоставував дека ќе наидам на големо медиумско внимание“, рекол Игор за српски „Блиц“.
Иако станува збор за мерцедес стар 20 години, Игор вели дека се јавиле повеќе од 50 заинтересирани луѓе.
„Девојка со име Дуња се јави прва и на неа ѝ го подарив автомобилот. По нејзиниот повик, телефонот не престанува да ѕвони, луѓето со неверување ме прашуваа дали навистина го подарувам автомобилот. Не можам да прежалам што немав барем уште еден да подарам!“, вели тој.
Инаку, девојката на која Игор ѝ го подарл мерцедесот е во САД уште од мај минатата година. Таа работи во ресторан за мексиканска храна. Автомобилот ѝ е потребен за да опстане во Америка.
„Огласот го видов во петокот сабајле и веднаш се јавив. Во себе си помислив дека можеби нема јас да ја имам таа среќа да го добијам автомобилот. По триесеттина минути се јави Игор и ми рече дека јас сум првата која му се јавила и дека мерцедесот е мој“, вели Дуња.
На крајот, таа вети дека еден ден ќе му помогне некому на истиот начин, на кој и Игор ѝ помогнал нејзе.
Овој оглас се појавил на страницата chicagodesavanja.us пред два дена и на него се информираат иселениците од Србија во тој град. Огласот го о

Пронајдете не на следниве мрежи: