Дали некогаш се чувствувате како затвореник во сопствената глава? Дали имате тенденција да ги гледате негативните аспекти на нештата и постојано да се навраќате на грешките од минатото? Ако одговоривте со да, тогаш тука сме за да ви помогнеме.
- Роналдо им дал цело богатство на жени кои се породиле и исчезнале: Џорџини плаќа 100.000 евра месечно, а еве што бара за возврат!
- Детали за пожарот пред бугарската амбасада: Се изнервирал дека возилата биле непрописно паркирани па ги запалил, на стомакот имал тетоважа од пријателот на Радев
- Оваа недела носи неочекуван пресврт за овој хороскопски знак
- Ова лето, внимавајте особено на овие критични датуми: Ќе има хаос!
- НБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

- Препознајте го проблемот
Препознајте го проблемот и бидете свесни за него кога тој ќе се појави. Важно е да го препознавате за потоа да можете да го решите. Често заглавуваме во рутини на негативно размислување, што по извесно време поминува во навика. Тоа се случува несвесно како гризењето нокти или зависноста од социјалните мрежи. Токму затоа следниот пат кога ќе почувствувате дека негативно размислувате, кажете си стоп! Важно е навистина да го изговорите ова за таквите мисли да престанат да кружат во вашата глава.
Исто така обидете се со визуелизација: замислете дека ја земате мислата и ја ставате во канта за ѓубре. Исто така, ако сакате малку поекстремна варијанта, тогаш ставете ластиче на раката и секогаш кога негативно размислувате, оптегнете го на раката за да се потсетите да престанете.
- Именувајте ја ситуацијата
Кога негативно размислуваме секогаш постои некој страв дека ќе се случи нешто лошо. Можеби се прекорувате поради грешка на работното место, или сте рекле нешто погрешно при разговор со пријателите/партнерот. Без разлика која е причината, пробајте да го именувате негативното размислување. Тоа може да биде во една реченица, како на пример: „Страв ми е дека ќе ја изгубам работата.“ или „Му/ѝ се лутам на пријателот/пријателката бидејќи се однесуваше лошо со мене.“
Кога можете да го увидите проблемот, тогаш решението е во вашите раце. Ако можете да го именувате вашиот најголем страв или грижа запрашајте се што е најлошото што може да се случи. И дали можете некако да се справите со тоа? Одговорот на ова прашање скоро секогаш е потврден.
ТЕКСТОТ ПРОДЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 КАДЕ ШТО ВЕ ОЧЕКУВААТ УШТЕ 3 СОВЕТИ ⬇️⬇️⬇️
Пронајдете не на следниве мрежи:



