Што сака да каже Меџити, дека планира војна? Имам поддршка од милитантите во ДУИ!

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е предводник на таканаречената “огнена група” во ДУИ, вечерва во гостување во Дневникот на Сител телевизија, истакна дека има поддршка од албанското население и милитантите во ДУИ.

– Над 90% од луѓето во ДУИ размислуваат како нас, имаме поддршка од структурата долу и милитантите и граѓаните, но и анкетите тоа го потврдуваат дека ние сме гласот на народот. Некои не се приклучиле сега но мислам дека во втора и трета фаза ќе се приклучат според нашиот план. Некои се плашат, на некои егзистенцијата им зависи од тоа, но очекуваме дека во наредните фази, рече Меџити.

Пронајдете не на следниве мрежи: