Приведени две лица во Прилеп – пронајдена марихуана

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера ги лишиле од слобода М.К. (33 г.) од Прилеп и Т.П. (23 г.) од Битола.

„При претрес во домот на М.К., извршен со судска наредба, каде била затекната Т.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: