Имало или немало ЛГБТ пропаганда кај првооделенците? Никој не кажа што била намерата?!

Коалицијата за заштита на децата објави вест за геј содржини со кои се среќаваат првоодделенци од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Центар, Скопје.

Од училиштето се обидоа да демантираат, но отидоа и уште подалеку, ги притиснаа родителите да негираат дека такво нешто воопшто се случило и тие, за жал, потклекнаа под нивните притисоци на штета на сопствените деца, велат од Коалицијата.

„Нема ширење никаква геј пропаганда, ова е најмалициозна лага, тврдеше директорката на „Кирил и Методиј“.

Во случајот се вклучија и „Вистиномер“ кои заклучија дека фотографијата е злонамерно извадена од контекст, потпирајќи се на тврдењето на директорката дека на фотографијата има татко и синови.

Според оригиналната фотографија и објаснувањето на неа, на сликата гледаме двајца татковци и нивниот син. Па проценете само дали е лага, злонамера или затскриена агенда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.