Технолошкиот експерт Боб Ли кој учествувал во креирањето на оперативниот систем на „Андроид“ е убиен во вторникот.
Боб Ли (43), покрај креирањето на „Андроид“, учествувал и во креирањето на апликацијата „Кеш“.
Тој е избоден во Сан Франциско во станбената област Ринкон Хил, пишува „CNN“.
Тој бил нападнат во вторникот, три часа после полноќ, а полицијата го пронашла неговото тело со повеќе убодни рани во близина на облакодер.
Според пријателите на Ли, тој бил во областа поради работа и решил да остане уште еден ден.
За смртта на својот колега проговори и извршниот директор на Tesla и сопственик на „Твитер“ Илон Маск.