Ким Мехмети: Гоце Делчев се изјасувал како Бугарин

Кај нас има некоја тенденција вистината да не се кажува до крај и кога биле во прашање овие бугарско-македонски односи, јас сум рекол додека Македонците се мачат со тоа дали Бугарите да ги има во Уставот или не, источна Македонија стана скоро ненаселена. Ова во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 го изјави публицистот и писател Ким Мехмети.

Ким Мехмети: Косово, ти си гордоста на Албанија!


Од вековниот сон на Албанците, во 1912 година се роди Албанија!
Но, Албанците продолжија да ги сонуваат деловите од сонот што недостасуваа, па во 2008 година се роди Косово.
Албанците насекаде никогаш не ги изневериле своите колективни соништа. Сега ни останува да докажеме дека знаеме да го одржиме она што го оживеавме и да не заборавиме дека и Косово и Албанија се род на сенароден сон, дека се гордост и надеж на цела Албанија.
И денес, кога станавме многу ‘Албанија’ и со две национални знамиња, мора да продолжиме да сонуваме под единственото црвено-црно знаме, на истиот јазик што го имаме и за заедничката татковина!
Само оние народи кои не ги изневеруваат своите колективни соништа имаат иднина дури и кога многу работи изгледаат невозможни.
Ако нашите предци се потпираа само на потенцијалот на своето време, ќе го исушеа сонот за Албанија за сите Албанци и никогаш немаше да дојде нашето време кога ќе можеме да кажеме: Косово, ти си гордоста на албанеството!

„Македонија ќе стане држава што ќе ја населат Пакистанци и Авганистанци, тие ќе станат 20% и тие ќе бараат да бидат внесени во Уставот“, вели Мехмети.

Според Мехмети проблемот на македонскиот народ не е во тоа дали некој го признава или не, туку во тоа што има слаби политички, културни и научни елити.

„Јас не зборувам за македонскиот народ, јас зборувам за елитите. Тоа е идентитетот на еден народ, и ако тие се неспособни, да одбранат име на држава, ако се неспособни да бранат историја на својот народ, тогаш не може да им биде виновен некој Ким и не можам јас да го бранам тоа“, дециден е Мехмети.

Познатиот писател истакна дека секогаш велел македонските научници со податоци да докажат дека Гоце Делчев не бил Бугарин.

„Ако вие како македонски научници имате податоци дека Гоце Делчев не е Бугарин, тогаш повелете докажете го тоа. Од тоа што јас сум го прочитал, сум прочитал дека тој се изјаснувал како Бугарин“, истакна Мехмети и на прашањето на водителот каде го прочитал тоа, додаде дека не ја чита само македонската историја, туку ги чита и албанската и српската и бугарската истории.
Мехмети вели уште дека не се проблем историските гледишта, но подвлекува дека има факти, кои не можат да бидат негирани.

„Ние можеме да дискутираме за се друго, но ако Ким Мехмети, оној што е пред вас рече дека е Албанец, за тоа нема што да дискутираме. Ние можеме да расправаме дали пишува добро или не пишува добро, дали има исправни политички ставови или неисправни. Не можеме да дискутираме околу нешто за кое, јас одлучувам кој сум, вие одлучувате дали сте Македонец или не сте, не одлучувам јас“, истакна Мехмети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.