Откажана собраниската комисија за труд: Апасиев вели власта се плаши од пратениците на Левица

Денешната собраниска Комисија за труд, на која требаше да се најде измената на Законот за работни односи е одложен, информира пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

-Власта се плаши од тоа пратеник на Левица да дојде до говорницата, оти не знае каде тоа ќе ги однесе.

Па така, денешната Комисија за труд – на која планираа да воведат 12 часовно работно време – е одложена! Остануваат 1.111 амандмани на двајцата левичарски маченици.

#РаботничкиПрава

#БорбатаПродолжува – вели Апасиев.

Измената на Законот за работни односи се однесува на барањата на Бехтел и Енка, кои бараат работниците да работат по 12 часа во текот на денот, што е спротивно на моменталниот Закон, а како што објаснуваат од Левица и на Уставот на Република Македонија.

Бехтел и Енка ја бараат измената за навремено завршување на изградбата на Коридорите 8а и 10д, кои ќе ги гради токму оваа компанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: