(Видео) Власта и опозицијата си се договараат за уставни измени, а Бугарите во Уставот ќе ги внесе токму ВМРО-ДПМНЕ!

Во денешната епизода на Тешки муабети, лидерот на Левица, Димитар Апасиев открива како дознале дека власта и “опозицијата” си комуницираат редовно, па и за уставните измени.

-Случајно во собраниски ресотран начувме еден телефонски муабет од една пратеничка од позицијата како лиферува имиња за групата за преговори и оттаму ни е информацијата дека тие си комуницираат меѓу себе, а се што се случува е театар за деца и младинци.

Уставните измени се договорени однапред и тоа ќе се случат после избори и ќе ги прават и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сосе сите албански партии.

Хрватскиот модел е како Илинденска Македонија, малце да опопа пулс и после салто мортале, мораме, ќе се заборави и слично.

Тоа има многу сериозни, несогледливи последици, не враќаат век и пол наназад во време на Егзархијата, пропаганди ос необализам и неоврховизам, средишна точна е Групчин. Тоа го кажува и претседателот на МАНУ и еве јас, вели Апасиев.

Пронајдете не на следниве мрежи: