Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши синоќа истакнал дека се чувствува изневерено, говорејќи за нивната одлука како партија повеќе да не бидат дел од владиното мнозинство.
Гаши смета дека Алтернатива е „изневерена“ од партнерите во власта.
„Многу беше јасно дека на ДУИ поради внатрешни проблеми, комбинацијата им беше да влезе Алијанса за Албанците, и ниту АА, ниту ние да останеме во Владата, рече Гаши во емисијата „Клик плус“.
Тој исто така обелодени дека не коалицираат со партии што се против уставни измени и порача дека Алтернатива ќе гласа за внесување на бугарското и другите малцинства во Преамбулата.
-Така треба да ги градиме принципите кога се разбираме еден со друг. Уставните измени се процес кој бара политички договор. Алтернативата треба да ја гледате како партија која соработува со различни политички партии врз основа на свои принципи за доброто на граѓаните, рекол Гаши.
Пронајдете не на следниве мрежи: