Како да препознаеме дете психопат: 7 опасни сигнали кои се видливи веќе од тригодишна возраст, додека родителите не ги забележуваат!

Постојат 7 знаци кои психијатрите ги сметаат за индикативни за психопатија во иднина, а родителите генерално ги сметаат за безначајни и несериозни.

Откако се случил масaкрот во Врачар, полицијата го уапсила момчето (13), кое усмртило 9 лица и ранило неколкумина со огнено оружје.
Во таа прилика момчето изговорило застрашувачка реченица:

“Пукав затоа штo сум психопат”.
Токму затоа и се запрашавме дали е можно да се препознаат знаците на психопатија кај децата?

Знаците дека детето може да порасне во психопат без емоции може да се забележат уште на тригодишна возраст.
Голем дел од сериските убијци вака се однесувале во детството, но, за жал, никој не обрнал внимание на време.
Првите три знаци припаѓаат на тријадата на Мекдоналд, синдром кој прв го анализирал и дефинирал американскиот психијатар Џ.М.Мекдоналд, кој го проучувал однесувањето на повеќе од 100 криминалци во текот на неговата кариера.

• Злоставување на животни
Првиот и многу очигледен знак на псхопатското нарушување кај децата. Доколку сте му објасниле на детето дека не е во ред да ја влече мачката за опашка или кучето за уво, детето ве разбрало и повеќе не го прави истото, немате причина за грижа.

Но, кога децата ќе го игнорираат вашето објаснување, па дури и ќе почнат повеќе да повредуваат или убиваат животни, време е да преземете нешто.

Ова е всушност показател како иден сериски убиец го изразува својот гнев кон беспомошни суштества.
Она што дополнително ја потврдува ова е фактот дека сериските убијци често ги користат истите методи на мачење и убивање на своите жртви, што ги користеле врз животните како деца.

• Обожавање на оган
Пироманијата или љубовта за палење е уште еден очигледен знак. Начин на кој психопатот го изразува својот гнев и инает.

• Ноќно мокрење
Дискутабилен, но често индикативен знак. Се разбира, тоа не значи дека секое дете кое има проблем со мокрењето во кревет ќе стане монструм во иднина, но Мекдоналд верувал дека ова нарушување на нормалното функционирање на мочниот меур може да биде причина за злоупотреба на животни и пироманија, бидејќи мокрењето во панталоните е многу потресно и понижувачки за едно дете, од негова гледна точка.

Затоа детето се навредува и лути, а доколку покрај тоа е изложено на потсмев од другарите, а родителите не реагираат навремено, лесно може да дојде до несакани последици.

Пример за тоа е Андреј Чикатило, најозогласениот и најсуров сериски убиец во Советскиот Сојуз.
Подоцна било откриено дека како дете страдал од мокрење во креветот и секогаш кога тоа ќе се случело, мајка му го тепала.

Неколку години подоцна, Чикатило почнал да ужива гледајќи како страдаат другите деца, што довело до канибализам и крајно грозоморни злосторства што ги извршил во текот на 12 години врз 53 жени.
Освен тријадата на Мекдоналд, психијатрите идентификуваат уште четири знаци на потенцијална психопатија.
Тие советуваат да се обрне големо внимание, бидејќи границата помеѓу нормалното и ненормалното однесување понекогаш е многу, многу тенка.

• Прекршување на правилата
Се разбира, не постои човек кој нема прекршено правило во детството. Но, децата со психопатски тенденции сосема поинаку гледаат на кршење на правилата – тие уживаат во тоа.
Кога ќе прекршат некое правило, им расте адреналинот.

• Лажење без каење
Ако детето лаже затоа што се плаши да не биде казнето, причината е сосема разбирлива. Но, ако детето лаже само затоа што сака, без каење и со многу веродостоен израз на лицето, причина е да се загрижите – изјавуваат експертите.
Можеби нешто не е во ред со нив, можеби имаат бујна фантазија, можеби едноставно сакаат да лажат. Но, кога во лага ќе фатите дете кое е со психопатски склоности, очекувајте голем бес или хистеричен напад.
Ваквиот одговор е еден вид на манипулација и израз на незадоволство, но не затоа што знаат дека згрешиле, туку затоа што лагата им е разоткриена.

• Силеџиство
Децата стануваат насилници од различни причини – сакаат внимание, моќ, ги имитираат своите насилни родители, нивните идоли.
Постојат огромен број на пориви во нив, но не секој мал насилник е потенијален психопат и манијак.
Она што го разликува идниот психопат од обично детско незрело однесување е тоа што тие немаат причина да малтретираат некого, едноставно уживаат во тоа.

• Бесчувствителност
Децата со психопатски тенденции не покажуваат страв толку лесно како нивните врсници и не чувствуваат стрес со истиот интензитет како нив. Поимот емпатија им е непознат.
Психологот Хедер Ирвин за “BrightSide.me” изјавил дека првата година од животот на детето е клучна во одредувањето на неговото идно ментално здравје:
˶Никој не станува психопат во средна возраст. Мора да внимаватена однесувањето во детствотои што се случува со тие деца веднаш после раѓањето. На пример, ако бебето плачело многу во првите 6 месеци, а никој не обрнувал внимание за него, мозокот на бебето се сеќава и заклучува дека емоциите не се важни. Другите мозочни структури се формираат врз основа на овој концепт”, објаснува Ирвин.

Психолозите откриле и еден интересен факт – ако детето пораснало во добра, мирна средина, а по петтата година од животот доживее некаков облик на насилство, шансите да стане психопат во иднина се многу помали во споредба со децата кои доживеале насилство или пак отфрлање во првата година од животот, бидејќи нивната свест веќе е развиена.
Тоа значи дека родителите освен што имаат обврска да се грижат за здравјето на детето, се одговорни и за погледот на детето кон светот.
Забелешка на експретот: Во некои случаи, ако детето покаже некој од овие знаци, тоа може да биде и одговор на несоодветните постапки на родителите. Доколку родителите се заинтригираат повеќе за сопствените деца и родителството се подигне на едно поинакво, повисоко ниво, овие загрижувачки индикатори може да исчезнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.