Русите се повлекуваат забрзано од Бахмут

Украина објави дека постигнала напредок во областа на разурнатиот источен град Бахмут. И шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин ја потврди информацијата каде што неговите борци се на линијата на фронтот. Тој ги обвини редовните руски единици дека ги напуштаат своите позиции. Во меѓувреме шефовите на дипломатијата на ЕУ се состанаа во Шведска. Земјите-членки разговараа за односите на блокот со Кина.

Русите се повлекуваат забрзано од Бахмут

„Ја повикуваме Кина како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации да влијае врз Русија за да ја запре оваа војна и да одигра конструктивна улога за постигнување праведен мир за Украина“, изјави Жозеп Борел, шеф за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Пекинг објави дека Ли Хуи, специјалниот претставник за евроазиски прашања, од понеделник ќе ги посети Украина, Полска, Франција, Германија и Русија. Целта е изнаоѓање политичко решение на конфликтот во рамки на мировниот план што го претстави Кина на една година од воената операција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.