Инфлуенсерите би можеле да бидат дел од новите закони: фирмите вртат милијарди преку „опасните“ филтри за убавина

Иако никој не повикува технологијата да биде забранета, има сè погласни повици да се принудат огласувачите и влијателите на социјалните мрежи да признаат кога ретушираат фотографии.

Прашањето за „манипулација со фотографии“ или додавање филтри на социјалните мрежи долго време ги загрижува многумина, но со оглед на тоа што технологијата сега се проширува на видео, дали властите треба да интервенираат?

Проблемот е што корисниците на социјалните мрежи и овие апликации често не се свесни до каде одат – за да си го разубават лицето/телото, или да поправат некои недостатоци.
Трендот е присутен на речиси сите платформи, а пред се на Instagram, TikTok и Facebook.

На пример, Кристл Бергер, млада мајка од САД, е убедена дека не менува ништо драстично на лицето кога користи апликација за филтрирање. „Навистина, јас само дигитално си давам совршена шминка и осветлување“, вели таа, според Би-Би-Си.
Покрај тоа, апликацијата што ја користи не е бесплатна. Таа е претплатена на FaceTune, платформа која е преземена повеќе од 200 милиони пати ширум светот.
Првично создаден да работи само на фотографии, FaceTune лансираше верзија за кратки селфи видеа пред две години, чија ефикасност оттогаш расте. Во меѓувреме, друга популарна апликација која им овозможува на корисниците да ги уредуваат своите фотографии на социјалните медиуми – Perfect365 – треба да ја објави својата видео верзија подоцна оваа година.

FaceTune, инаку, е во сопственост на израелската компанија Lightricks, а во 2021 година беше објавено дека таа компанија има пазарна вредност од 1,8 милијарди долари.

Сакате да им дадете на луѓето 80% од моќта, со 20% од сложеноста на професионалниот софтвер. Тоа е играта што се обидуваме да ја играме – изјави извршниот директор Зеев Фарбман.

Но, долго време се тврди дека таквите алатки се нездрави, бидејќи промовираат нереален поглед на убавината што може да биде опасен, особено за децата и младите. На пример, 80% од тинејџерките изјавиле дека го промениле својот изглед на фотографиите до 13-годишна возраст, според истражувањето на познат бренд за нега на кожа.
Иако никој не повикува технологијата да се забрани, сè повеќе има повици да се принудат огласувачите на социјалните мрежи и влијателите да признаат кога ја менуваат својата фотографија користејќи филтри.

Норвешка, на пример, во 2021 година воведе закон со кој се бара од двете горенаведени групи да наведат дали фотографијата е ретуширана. Франција сега оди чекор понатаму, барајќи истата норма да се применува и на фотографиите и на видеата.
Во меѓувреме, Обединетото Кралство исто така го разгледува истото прашање, бидејќи владиниот предлог-закон за безбедност на интернет продолжува да се пробива низ парламентот. Сепак, останува да се види дали законот ќе ги таргетира само рекламите на социјалните мрежи, или и влијателите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.