МАЈКАТА НА КОСТА К. ОСОМНИЧЕНА ЗА ЗАПУШТАЊЕ НА ДЕТЕ

Првото основно јавно обвинителство во Белград, Србија, по службена должност оформи предмет поврзан со случувањата во основното училиште „Владимир Рибникар“ на 3 мај годинава кога 13-годишниот Коста К. уби 9 лица, рани 4 од кои едно почина. Целта на предметот е да се утврди дали мајката на Коста, М.К. направила кривичното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

МАЈКАТА НА КОСТА К. ОСОМНИЧЕНА ЗА ЗАПУШТАЊЕ НА ДЕТЕ

Обвинителството побарало од Полициската управа за градот Белград за прибирање на потребните сознанија со кои е наложено да се сослуша осомничената М.К., да се разговара со педагогот и со психологот во училиштето, како и да се преземат сите други мерки и дејства потребни за целосно утврдување на фактичката состојба, пренесе „Блиц“.

На Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и за тоа да достави извештај до обвинителството, како и да утврди дали семејството претходно било во евиденцијата на тој орган.

„Откако Обвинителството ќе ги добие извештаите од Полициската управа за град Белград и од Градскиот центар за социјална работа, јавноста без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и донесените решенија“, соопштија од Првото основно обвинителство во Белград.

Да потсетиме, Коста К. на 3 мај влезе во училиштето со пиштолот на својот татко. Кобниот ден пукал кон училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа ги убил двете дежурни ученички. 13-годишното момче потоа влегло во кабинетот по историја каде убило шест соученици и рани шест ученици и еден наставник.

На таткото на момчето, Владимир К. На товар му се става кривично дело – тешко дело против општа опасност за што се запретени 12 години затвор.

Во меѓувреме, група родители на ученици од ОУ „Владислав Рибникар“ ја поддржа иницијативата за прекин на наставата во постојната училишна зграда и завршување на учебната година на 3 мај. За ситуацијата се огласи и актерот Никола Којо кој ги замоли родителите да не ги праќаат децата на настава.

„Понизно ги молам родителите на децата од „Рибникар“ да не ги праќаат децата на училиште“, пиѓува Којо во својата објава на Фејсбук.

Тој апелира до родителите да им дадат шанса на своите деца да заздрават, да пораснат и да закрепнат, како и немо да тагуваат за убиените пријатели и другари.

„Само далеку од тоа опседнато место ќе станат здрави луѓе, кои некако ќе се справат со таа трагедија. Училиштето ќе заврши, верувајте ми. Не дозволувајте неразмислените луѓе да ве претворат во Спартанци! Нежните, емотивни, сочувствителни луѓе ќе го спасат ова болно општество и оваа незрела цивилизација. А тоа се твоите деца“, им порача Којо на родителите чии деца го посетуваат ова училиште.

Повеќе од 150 родители на ученици од училиштето „Владислав Рибникар“ бараат учебната година да заврши заклучно со денот на масовното пукање, 3 мај, кога, како што велат, наставата беше прекината со насилство. Оттаму додаваат дека сметаат дека планот за продолжување на образованието кој се спроведува од 10 мај е штетен за развојот на голем број ученици и оти единствено решение е итен прекин на наставата и прекин на работата. Родителите наведуваат дека за ваквиот став добиле поддршка од еминентни стручњаци од областа на невропсихијатријата и психотерапијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.