Русија го почна трансферот на нуклеарно оружје во Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека започна трансферот на нестратешко нуклеарно оружје од Русија на територијата на Белорусија.

„Претседателот на Русија, Владимир Путин, ме информираше дека потпишал указ за нашите активности за распоредување на нуклеарно оружје во Белорусија. Значи, тоа е конкретен документ. Донесена е одлука која е продолжение на она што беше усно кажано. Требаше да се подготват места за складирање и во Белорусија и така натаму. Сето тоа го направивме, затоа е веќе започнат трансферот на нуклеарна муниција“, изјави Лукашенко во Москва, пренесе белоруската агенција „Белта“.

Процесот се одвива во рамките на договорот со Русија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

На прашањето на новинарите дали нестратешкото нуклеарно оружје веќе има во Белорусија, Лукашенко одговори дека ќе го разјасни прашањето по враќањето во републиката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.