Груевски и „претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“ да останат во затвор, бара Мицкоски од Груби и Ахмети

Траги-комично соопштение денеска излезе од “кујната” на ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека Груби го штити Груевски од Мицкоски…

“Соопштението” го пренесуваме во целост, заедно со сите печатни грешки и соодветни поправки за истите.

-Интересно е што Али Ахмети, Артан Груби и ДУИ со сите сили го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ” од ВМРО-ДПМНЕ. Зелените кои сега се лажен ЕУ фронт, а во суштина се криминална банда која наскоро ќе одговара, ќе мора да објаснат на граѓаните Македонци, Албанци и останати зошто не владее правото туку партиски наредби во судовите и обвинителството. Зошто гореше модуларната болница во Тетово, а со тоа изгореа невини човечки животи. Зошто се случи Дурмо турс и Беса транс каде луѓе животите ги загубија поради системот што не функционира. Зошто немаат учениците сеуште ( се пишува сè уште) книги, а неизвесно е дали ќе добијат сведителства. Зошто здравството е во колапс и луѓе умираат по ходници во болниците итн…., Али Ахмети и Артан Груби нека продолзат (продолЖат) да го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ” од ВМРО-ДПМНЕ, а за рејтингот има еден начин да се провери вистината, тоа се избори, само кукавици се кријат со демагогија, вистинската проверка е на избори. Ќе ги потсетиме на последните локални избори и резултатите во Гостивар и Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи: