ФОТО: Простори за живеење кои пленат со внатрешниот дизајн и современоста

Завршена во 2014 година, Casa no Tempo се наоѓа во Сабугеиро, Португалија. Таа е дизајнирана од компанијата Aires Mateus & Associados. Casa no Tempo е дел од едно семејството веќе многу години наназад. Членовите на семејството се едногласни: „Волјата на нашиот дедо беше ние се грижиме за куќата до следната генерација. Свесни за неговата визија, ние се обидовме да стремиме повисоко, поврзувајќи го минатото со иднината“.

O House е станбен проект, кој во 2013 година беше завршен од страна на компанијата Wangstudio. Таа се наоѓа во До Луонг, Нге Ан, во Виетнам. Од Wangstudio велат: „Оваа куќа беше наменета за пензионери. Таа е наменета за да понуди тивок простор, нуди доволно светлина и практичност, но и мала градина во која што клиентите можат да го поминуваат своето слободно време“.

Овој стилски дом се наоѓа во Данска. Шарените акценти во внатрешноста додаваат разиграност на неговиот дизајн, додека белата позадина дава чувство на простор.

Life in Expressionism е шарена приватна резиденција, дизајниран од страна на Brani & Desi. Таа се наоѓа во Софија, Бугарија. Оваа куќа им дава впечаток на сопствениците дека живеат во светот на уметноста. Името на проектот е иснпирирано од уметничко движење на експресионизмот, бидејќи се користени форми и бои за постигнување на емоционален ефект, со цел да се генерираат различни расположенија и идеи.
Завршена во 2014 година, Casa no Tempo се наоѓа во Сабугеиро, Португалија. Таа е дизајнирана од компанијата Aires Mateus & Associados. Casa no

Пронајдете не на следниве мрежи: