петок, 27 ноември 2026
Најново

Бремените жени имаат некои дилеми во лето, еве ги советите од стручни лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Високите температури на многумина им создаваат потешкотии во нормалното функционирање, а посебно на трудниците.
Стручните лица советуваат идните мајки секогаш со себе да си носат шише вода во која претходно исцедиле малку лимон и додале шеќер.

Отоците на нозете и рацете, најчесто во последните недели од бременоста, во лето е повеќе изразена. Треба да се избегнува долго стоење и носење тесна облека, а важен е и одморот. Седењето треба да биде со подигнати нозе.

Ако го користите јавниот превоз, замолете некој да ви го отстапи местото.
Во топлите летни денови на трудниците им се препорачува пливање и капење бидејќи водата го опушта телото, а во неа можете да вежбате и техники на дишење.

Водата на повеќе начини ќе ви помогне во борбата со летните температури, кои посебно тешко им паѓаат на трудниците. Ако имате нормална бременост, нема причина да не се освежите на море, река, чист базен..
Додека чекате да се остварите во најубавата и најважна улога во животот, времето до пораѓањето искористете го за опуштање и одмор.

Поврзани вести