ДРАМА НА ЛЕТ ОД ЗАДАР: Одлепен патник сакаше да ја отвори вратата од авионот, патниците врескаат, двајца едвај го држат (ВИДЕО)

Невидената драма наводно се случила на лет од Задар.

ДРАМА НА ЛЕТ ОД ЗАДАР: Одлепен патник сакаше да ја отвори вратата од авионот, патниците врескаат, двајца едвај го држат (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на млад турист од Велика Британија како одеднаш станува и се обидува да ја отвори вратата од авионот.

@p_xj_ #ryanair #croatia #london #uk #hideout ♬ original sound – JP🌸

Младиот човек, кој според тамошните медиуми бил под дејство на наркотици, најпрвин почнал да вика нешто, по што поминал покрај стјуардесата и истрчал кон вратата, но двајца патници скокнале врз него и успеале да го соборат на подот.

Локалните медиуми јавуваат дека најголем дел од патниците се враќале од фестивалот во Зрќ.

Полудениот млад човек наводно бил исфрлен од летот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.