Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ по 30 години конечно ја откри причината за развод: Ова никој не го знаеше- Весна не сака веќе да молчи и прозборе јавно!

И покрај тоа што одамна се разведе од Весна и со години ужива во хармоничен брак со Јована Јоксимовиќ, сепак јавноста се уште ја интересира причината за разделба на Жељко со првата сопруга.

Како што е познато, љубовната приказна на Весна и Жељко датира уште од нивните училишни денови и според многумина, се чинеше дека ќе трае вечно.

Тие се венчаа, на 23 години станаа родители на ќерката Мина, а уште беа млади кога секој тргна по својот пат.
Вистината е, судејќи по објавите на социјалните мрежи, поранешните сопружници останале во пријателски односи, а првата г-ѓа Јоксимовиќ се уште одлично комуницира со бившите свекор и свекрва со кои редовно се гледа , пренесува Hello.

Ниту Весна ниту Жељко Јоксимовиќ никогаш не проговорија за причините кои доведоа до пропаѓање на бракот, а сега таа конечно реши да проговори и да стави крај на сите сомнежи.
-Бракот не ме интересира, тоа е застарена институција. Се додека е убаво нека трае, па после збогум. Еве го одговорот – напиша Весна на својот Инстаграм профил со фотографија во костим за капење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.