Суровикин и уште 13 високи руски офицери се приведени и однесени на сослушување?

„Волстрит журнал“ објави дека поранешниот руски командант генерал Сергеј Суровикин, заедно со уште 13 други високи руски офицери, биле приведени на сослушување, а 15 биле разрешени или суспендирани.

Извори на „Волстрит журнал“ велат дека Суровикин знаел за плановите на Евгениј Пригожин, шеф на паравоената платеничка Вагнер, но не бил вклучен во нив. Против него се уште не е поднесена кривична пријава.

„Притворите се неопходни за расчистување на редовите на оние на кои повеќе не може да им се верува“, изјавил извор за „Волстрит журнал“.

Претходно беше официјално објавено дека Суровикин не е во затворите Матроскаја Тишина и Кремљ Централ.

Претставникот на Државната дума, Картаполов рече дека Суровикин „одмара и сè уште не е достапен“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.