Ахмети на средба со амбасадорите на Германија, Франција и Полска: ДУИ е чувар на Рамковниот договор и Договорите со Грција и Бугарија!

Ахмети оствари средба со меѓународните претставници и амбасадорите на Германија, Франција и Полска, информираат од Демократската унија за интеграција.

-Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со г-ѓа Ана Лирман, министерка за Европа во Сојузна Република Германија, г-ѓа Лоренс Бун, државен секретар за Европа во Советот на министри на Република Франција и г. Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска, како и амбасадорите на Германија, Франција и Полска во Македонија.

Во фокусот на денешната средба беа клучните околности во кои се наоѓа Македонија за да се забрза нејзиниот чекор кон европската интеграција, како што се важноста од усвојувањето на уставните измени, надминувањето на спорот со Бугарија по примерот на француско-германското помирување, посветеноста во спроведувањето на внатрешните реформи, процеси кои бараат компактно дејствување од сите општествени чинители.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети пред претставниците на меѓународните сојузници на земјата ја елаборираше иницијативата што ја презема неговата партија за создавање европски фронт, постојаното инсистирање за рефлектирање од сите партии за надминување на овој ќорсокак, верувајќи дека дури и во редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ има европски сили кои мислат за доброто на државата и не ја сакаат нејзината изолација.

Тој нагласи и дека ДУИ останува постојан чувар на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство, кои се склучени со поддршка на меѓународниот фактор и се сржта на мирот, напредокот и европската перспектива на земјата.

Претставниците на земјите членки на Европа на денешната средба ја изразија својата длабока поддршка за преземање на соодветните чекори кои ќе ја доведат земјата и регионот таму каде што припаѓаат, во Европската Унија, соопштија од ДУИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: