Украина ја ракетираше Русија со касетна муниција

Украинските сили го нападнаа селото Журављовка во руската област Белгород, истрелувајќи три ракети со касетна муниција од повеќецевни фрлач.

Украина ја ракетираше Русија со касетна муниција
  • Во регионот на Белгород на 21 јули од повеќецевни фрлач беа испукани 21 артилериски проектил и три со полнења со касети. Во нападот бил употребен и еден беспилотно летало камиказа, а врз селото биле испукани десет гранати – изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

Девет артилериски гранати и две гранати биле испукани кон селото Шчетиновка, а од дронот била фрлена и експлозивна направа.

Гладков рече дека вчера украинските сили ја нападнале територијата на Белгородската област повеќе од 100 пати.

  • Во ниту една населба во округот нема жртви или штети – додаде Гладков.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.