„Христијан Мицкоски да не се крие, да излезе пред јавноста и да одговори околу настаните во Скопје и Тетово, кои беа во организација на неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ“, соопштија утрово од Бихаќка.
„Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.
Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.
Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата, а сега ДПМНЕ наводно е згрозена од неговото дејствување.
ДПМНЕ, како наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата“, додадоа од СДСМ.
Пронајдете не на следниве мрежи: