Сузана Гавазова збесна: Пеам и бугарски и српски песни, јас не ја предадов Македонија!

Познатата пејачка Сузана Гавазова „распали“ на својот профил на Фејсбук со статус во кој вели дека ниту била предавник, ниту ќе биде.

Причината за оваа нејзина реакција е откако таа беше критикувана дека пее бугарски песни…

Сузана Гавазова збесна: Пеам и бугарски и српски песни, јас не ја предадов Македонија!

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„Добар ден на сите.

Ред е и јас да кажам за тоа што некој се обидува да ме ”уништи” со тоа што ме нарекува предавник, парољубец, пеам бугарски песни, пеам горански песни, српски, ромски, Грчки.

Само да знаете Македонија е срцето на Балканот и од овде се треба да знае еден пејач. Не може да ме уништите кои и да сте.. не се плашам од вас, мене народот ме сака затоа што сум направила добрини, правам и ќе правам.

Срамота е што се обидувате на жени, мајки и пејачки кои го дале целиот живот за македонската песна така да пишувате и така да навредувате. Зошто не се обидете на маж така? Затоа што немате храброст па затоа удирате на жена!

Ниту сум ја предала Македонија, ниту сум ја украла, тој што ја предала нека му ја мисли, а и тој што ја украл рацете да му се исушат.

Ви смета што пеам секакви песни, а не ви смета што браќата Срби ечат во Македонија“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.