НЕВЕРОЈАТНО: Три Боинга завршиле во реката… Дознајте што се случило!

Ова е несекојдневен призор. Три Боинга завршиле во реката и се чини дека се урнале на исто место, но станува збор за нешто друго…Како што е планирано, специјални тимови ќе се обидат да ги извлечат авионите од типот Боинг 737, кои преку карпите се лизнале во реката Кларк Форк во Монтана, во САД. Причината поради која тие се нашле во реката е тоа што железничката композиција која што ги пренесувала, се лизнала од шините.
За среќа, никој не бил повреден во несреќата, но изворите наведуваат дека 19 вагони искочиле од пругата.

 
Околностите на оваа несреќа се предмет на истрага, а интересно е тоа што композицијата пренесувала шест трупови авиони за потребите на компанијата Боинг. И остатите три трупа искочиле надвор од композицијата, но останале во земја, додека преостанатите се лизнале кон реката.
Материјалната штета е голема. Инаку, труповите биле пренесувани во фабриката во Рентон (Вашингтон, САД), каде што составуваат комплетните летала.
Како што е планирано, специјални тимови ќе се обидат да ги извлечат авионите од типот Боинг 737, кои преку карпите се лизнале во реката Кларк Форк

Пронајдете не на следниве мрежи: